Започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Денеска во Прилеп започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на прерано починатиот ракометар на „Тутунски Комбинат“.

Турнирот беше отворен со полагање цвеќе на спомен плочата на Миле Нешкоски пред Универзалната сала, каде сеќавања за својот пријател и другар евоцираше поранешниот голман на ФК „Победа“ и македонската репрезентација, Јане Николоски.

Започна меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“На спомен плочата, цвеќе положија претседателот на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски како и повеќемина соиграчи, спортисти, ракометари и пријатели на Нешкоски.

На дводневниот ракометен турнир учествуваат екипите на ГРК „Тиквеш“, РК „Металург 2“, РК „Алушовски“ и домаќинот, екипата на РК „Прилеп“.

Натпреварите се играат во спортската сала на ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“, а по одигрувањето на последниот натпревар помеѓу екипите на РК „Прилеп“ и РК „Алушовски“, кој се игра утревечер со почеток во 19 часот, турнирот ќе биде затворен со доделување на награди за најдобрите.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …