Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион- „Преспаленд 2021“.

„Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“. Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски,“ информираат организаторите.

Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1 и 2 август во Амфитеатарот во Ресен и кај Споменикот во Отешево. Во рамки на „Преспаленд 2021“ акустичен концерт ќе одржат „Љубојна“ и „Слаткаристика“, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и македонски филм на отворено.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Завод и Музеј – Прилеп: Изложба „Балканскиот јунак Марко“

Завод и Музеј – Прилеп: Изложба „Балканскиот јунак Марко“

Во рамките на Програмата за остварување на националниот интерес во областа на културата на Министерството …