Заврши уште една неуспешна сезона на Попова Шапка

Заврши уште една неуспешна сезона на Попова Шапка

На 31 март заврши скијачката сезона во ски-центарот „Попова Шапка“ – Тетово, а граѓаните се револтирани затоа што и оваа сезона се затвори без да се решат проблемите, пренесува „Порталб.мк.“

Иако оваа година се организираа и неколку протести и се побара компанијата која во моментов управува со Попова Шапка, „ЕЛЕМ ТУРС“, да се повлече од управувањето, ова не се случи. Граѓаните велат дека главниот проблем е лошото управување со центарот со години. Тие се разочарани бидејќи и оваа сезона помина без некакво подобрување.

„Зимската туристичка сезона која штотуку се затвори, ја остави Попова Шапка во мизерна состојба, ја остави на божја милост. Денес, овој центар го има изгубено некогашниот сјај , патиштата се уништени, ски – лифтовите се рѓосани и не функционираат правилно недостигаат ски патеки, улиците не се чистат од снег кај викендичките, талкање на кучиња скитници го претворија овој скијачки центар во дух“, изјави Ариф Зибери.

Во меѓувреме Хамди Сулемани од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка”, вели дека како што заврши скијачката сезона, со тоа заврши и постоењето на Попова Шапка во светските мапи на центри за скијање и рекреација.

„Попова Шапка е одморалиште кое доколку го имаа Германците би заработувале милиони евра, но нашите институции, а и нашите граѓани и бизниси загубија милиони евра. Попова Шапка е вредност која што доколку функционира, би процветал целиот регион, но и оваа година помина без да ни даде надеж дека нешто ќе се подобри”, рече Хамди Сулемани.

Садик Абдирахими, професионален водич и редовен скијач, рече дека оваа сезона не била според очекувањата и дека хотелите и рестораните ја имале најлошата сезона во последните пет години. Рече дека имало многу малку скијачи на ски-патеките кои се одржувани минимално, ски-лифтовите биле неисправни и недостасувале скијачки патеки.

„Причина за сето ова е лошото управување со овој спортско – рекреативен центар. Овој центар ќе процвета само кога ќе има правилно управување од страна на независни партиски структури и инвеститори со визија чиј приоритет ќе биде развојот на овој центар и градот Тетово”, додаде Абдирахими.

Веќе скоро четири месеци, сите прашања за проблемите на овој скијачки центар го добиваат истиот одговор: „се чека анализата на „ЕЛЕМ“ за Попова Шапка”. Меѓутоа „ЕЛЕМ“ сé уште не го објавил тендерот за компанијата која треба да ја спроведе анализата, нешто што вети дека ќе го направи во текот на март, а сега се очекува во текот на овој месец.

Дури и жичарата Тетово – Попова Шапка, која е дефект, очекува спас од анализата на „ЕЛЕМ“, а од друга страна, нема кој да ги поправи ниту ски-лифтовите од минатиот век кои претрпуваат големи оштетувања. Жичарата со шест седишта во Попова Шапка е изградена пред 5 години, додека „ЕЛЕМ“ повторно ветува дека ќе биде готова за идната сезона.

Ивор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …