Железничка изолација: Скопје – Блаце ни е единствениот меѓународен воз (инфографик)

Железничка изолација: Скопје – Блаце ни е единствениот меѓународен воз (инфографик)

Од македонскиот главен град со воз во странство може да се патува единствено до Блаце. Брзиот воз до Приштина е единствената странска дестинација до која можат да патуваат граѓаните.

Во актуелниот возен ред на Македонски железници – Транспорт е наведено дека возот кон Солун и Белград ќе сообраќа само налето. Воедно, од Железничката станица во Скопје за годинава се предвидени само 19 поаѓања дневно, а во моментов функционираат единствено 17 возови. Од Скопје до Кичево и Кочани има по еден воз дневно, и тоа во попладневните часови. Кон Битола привремено не сообраќа експресниот воз „Пелагонија експрес“, а од почетокот на годинава меѓу Скопје и Битола има само три патнички возови дневно.

Намалувањето на бројката на поаѓања на патничките возови во Македонија трае во континуитет веќе неколку години наназад. Возните редови на Македонски железници од претходните години покажуваат дека постоела поголема можност за патување со воз. Па така, од скопската железничка станица во 2009 година имало по 24 поаѓања на возови дневно на домашните и меѓународните релации. Меѓу Скопје и Велес тогаш секој ден сообраќале по 13 возови, додека главниот град со Кичево бил поврзан со 3 воза дневно.

Македонски железници – Транспорт пред една деценија одржувале дури 7 меѓународни возови дневно, и тоа кон Белград, Солун, Приштина и Ниш.

Падот на железничкиот сообраќај во Македонија е уште поевидентен доколку се земат предвид возните редови на железничкото претпријатие од 90-тите години на минатиот век. Од скопската железничка станица биле предвидени дури 32 поаѓања секој ден во периодот 1995/1996 година. Наместо сегашниот еден воз , меѓу Скопје и Кичево тогаш сообраќале по 4 воза дневно, со дополнително поаѓање кон Гостивар во раните утрински часови. Од македонскиот главен град до Велес пред две и пол децении имало по 15 пара возови во едно деноноќие. Покрај вообичаените патнички возови кон Куманово, Кичево, Велес, Битола, Гевгелија и Кочани, граѓаните од Скопје имале можност со директни возови да отпатуваат и на бројни странски дестинации, вклучувајќи ги ѝ Белград, Солун, Виена, Будимпешта, Атина и Приштина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …