Под влијание на студена и влажна воздушна маса, денеска времето ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините над околу 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег.
Од утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.