Ковачевски-Вучиќ: Србија и Северна Македонија се залагаат за стабилен просперитетен регион

Ковачевски-Вучиќ: Србија и Северна Македонија се залагаат за стабилен просперитетен регион

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска во Минхен на безбедносната конференција оствари средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. На состанокот беа споделени заложбите на Србија и Северна Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

На средбата премиерот на Северна Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …