ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на кандидатите за министри и дополнителни заменици министри во техничката Влада

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на кандидатите за министри и дополнителни заменици министри во техничката Влада

Панче Тошковски министер за внатрешни работи а Ѓоко Велковски за министер во Министерството за труд и социјална политика – тоа се имињата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри во техничката Влада

За дополнителни заменици министри, ВМРО-ДПМНЕ ги предлага:

Стефан Андоновски за Министерството за информатичко општество и администрација, Елена Петрова во Министерството за финансии и Цветан Трипуновски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатот за техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски по професија е адвокат, а истовремено е и претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ. Тошковски е познат по тоа што ја застапувал компанијата ЕСМ, во периодот кога со неа директорувал Христијан Мицкоски.

Кандидатот, пак, за министер за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски, беше генерален секретар на Град Скопје, а неодамна беше разрешен од функцијата од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

Прочитајте повеќе

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Украинската војска јавува за тешки борби во руско-украинскиот пограничен регион Харков. Од офанзивата на исток …