Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио

Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, на новата средба, ќе се обидат да ги доближат позициите на двете страни за да се отвори патот до решение.

Шефовите на двете дипломатии, минатата седмица одржаа билатерална средба на маргините на министерскиот состанок во Солун, додека пак последниот круг преговори во присуство на Нимиц се одржа на 25 април во Виена.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …