Заев од Ресен: Да излеземе сите за Македонија во НАТО и за европска Македонија

Заев од Ресен: Да излеземе сите за Македонија во НАТО и за европска Македонија

-Да не остане некој дома, одговорност на секој е да излезе и да гласа. Јас сум За, ве повикувам сите да гласаме За европска Македонија, повика  претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Ресен.

“Овој референдум не е борба за власт, тој е за раст на економијата, за развој на образованието, здравството, туризмот, за среќа во очите на сите граѓани. Конечно сме блиску до целта на сите досегашни генерации изжинатите 27 години”, додаде претседателот на СДСМ и премиер, Заев на трибината.

Тој им се обрати посебно на младите дека имаат обврска да си ја обрзбедат својата иднина во родната земја.

-Знамето на Македонија ќе се вее заедно со знамињата на земјите членки на НАТО и ЕУ, а земјава ќе биде признаена во цел свет, со потврден македонски јазик и македонски идентитет, дополни претседателот на СДСМ и премиер, Заев. Се заблагодари на сите етнички заедници во државава, за солидарноста за заедничка иднина.

-Ова е неповторлива историска шанса, не смееме да ја пропуштиме, цел свет ни подава рака, но тие не можат да гласаат наместо нас. Одлуката мора да ја донесеме ние. Со преспанскиот договор одржавме лекција за европските вредности и на Европа: како се гради пријателство, како се подава рака, за нашите деца, за иднината, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој се обрати и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски:

-Ако сме сите за НАТО и ЕУ, придружете се. Можеме политички да се конфронтираме, но должност ни е да застанеме заедно за Република Македонија, тоа ни е татковинска обврска, рече  претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

-Можете ли да замислите која е алтернативата ако не успееме? Затоа е сериозна одговорноста. Апелирам до секој да биде сериозно посветен, повика тој.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев посочи на 80-процентната поддршка од граѓаните за ЕУ и НАТО и определеноста на мнозинството политички партии во Македонија.

-Верувам во мојот народ. На 30.септември заедно масовно ќе излеземе и ќе гласаме, за нашите деца, за Македонија 30.та членка на НАТО и за европска Македонија, заокружи на трибината во Ресен, претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …