Премиерот Заев и министерот Бектеши ги продолжија консултациите со пазарџиите за изнаоѓање прифатливи решенија

Премиерот Заев и министерот Бектеши ги продолжија консултациите со пазарџиите за изнаоѓање прифатливи решенија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација.

На средбата Премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека гласот на граѓаните се слуша при носењето на одлуки кои треба да бидат во интерес на граѓаните.

Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …