Панел дебата на Finance Think за вработеноста на младите

Панел дебата на Finance Think за вработеноста на младите

Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје, изработи анализа на
младинска подвработеност во Северна Македонија, Србија и Црна Гора
. По тој повод, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе се одржи панел дебата на тема: “Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“. На настанот, ќе се дадат одговори на следните прашања: Колку државата ги таргетира младите преку оперативниот план? Кој е ефектот врз платата на младите од феноменот младинска подвработеност? Во кои сектори и професии најчесто се појавува подвработеност? Што препорачува Меѓународната организација на трудот, за адресирање на овој проблем? Дали е проблемот кај бизнис секторот или кај младите или во квалитетот на дипломите на младите лица?
Панелисти на настанот се:





Мила Царовска, Министерство за труд и социјална политика
Даниела Зампини, Меѓународна организација на трудот
Дона Костуранова, Фондација Вестминстер
Дијана Десподов, Американска стопанска комора
Благица Петрeски, Finance Think

 

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: Училиштето во Љубојно е основата на нашето образование и идентитет

Костадиновска-Стојчевска: Училиштето во Љубојно е основата на нашето образование и идентитет

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од старото училиште во Љубојно, каде што е започната реконструкцијата …