ОБСЕ констатира слабости во изборната кампања

ОБСЕ констатира слабости во изборната кампања

ОБСЕ-/ОДИХР констатира одредени неправилности  во изборната кампања . Во периодичниот извештај наведено е дека постојат слабости на Изборниот Законик кој набрзина бил донесен во Собранието без консултации со засегнатите страни, ускратени се избирачките права врз основа на одземена деловна способност, претседателските кандидати предвреме ја започнале кампањата, не е јасен начинот на финасирање,со проблеми се соочуваат гласачите чии лични документи се истечени поради што автоматски се избришани од Избирачкиот список, системот за регистрација на гласањето во земјава е пасивен. Жените не се доволно застапени во јавниот живот, а претседателскиот кандидта Гордана Силјановска Давкова се соочува со дискриминирачки и неосновани критики.

  • Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример за нејзиниот изглед, се вели во извештајот.

Иако законски се предвидени санкции доколку кандидатите водат кампања надвор од определениот период,утврдено е дека постојат нејаснотии во однос на предвремено водење кампања.

  • Пред кандидатите официјално да се регистрираат на 21 март, тие беа вклучени во активности на кампања, како одржување на средби со граѓаните, од помал размер ширум земјата и давање интервјуа за медиумите. Како што предвидува законот, кандидатите го прекинаа водењето кампања по својата формална регистрација, иако политичките партии продолжија да ги презентираат нивните програми, да ги критикувааат нивните ривали,и да ги подржуваат претседателските кандидати зад кои застанаа, се додава во извештајот.

Во извештајот посочени се сите слабости околу начинот на финансирање на изборната кампања и немањето барање за отчет за расходите кои ги направиле политичките партии што ги подржуваат кандидатите предложени од група избирачи. До надлежните институции  поднесени се неколку приговори во врска со изборите, поврзани со исклучувањето од Избирачкиот список, регистрација на кандидатите и водењето кампања.ОБСЕ/ОДИХР ќе ги набљудуваат изборите со 250 набљудувачи.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Мицкоски најави коалиција со „Вреди“, продолжува кампањата за изборите на 8 мај

Мицкоски најави коалиција со „Вреди“, продолжува кампањата за изборите на 8 мај

Идната коалиција во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која …