Општина Аеродром ги чисти дивите депонии

Општина Аеродром ги чисти дивите депонии

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, деновиве спроведува голема акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината.

Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром.

Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче, а за наредните денови се планира расчистување на Усјанскиот канал, како и диви депонии во Долно Лисиче.

Општина Аеродром истовремено ги охрабрува граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎075-316-515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и за време на викенди.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …