По налетот на ураганот „Доријан“, ОН ќе испратат храна на Бахамите

По налетот на ураганот „Доријан“, ОН ќе испратат храна на Бахамите

Обединетите нации ќе испратат 8 тони помош во храна на Бахамските острови, по налетот на ураганот „Доријан“, додека Светската програма за храна смета дека помошта им е потребна на 76.000 луѓе.

Обединетите нации најавија дека во наредните 3 месеци ќе достават дополнителна помош од 85 тони храна.

Во ураганот Доријан загинаа триесетина луѓе, но се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем.

„Доријан“ се движи кон источниот брег на САД со намален интензитет.

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …