Градоначалникот Христоски и амбасадорот на Словачка Маркуш, дел од акцијата „За чисто Крушево“

Градоначалникот Христоски и амбасадорот на Словачка Маркуш, дел од акцијата „За чисто Крушево“

Под мотото „За чисто Крушево“, вчера се одржа уште една голема акција за чистење на градот и неговата околина, во која главна улога имаа најмладите, а дел од акцијата беа и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и амбасадорот на Словачка во Република Северна Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.

Акцијата за чистење на отпад се спроведе на неколку локации во Крушево, а како дел од проектот на здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre.

Настанот започна во градскиот парк со кратка програма подготвена од учениците од ООУ „Никола Карев“, по што сите учесници во акцијата подигнаа неопходна опрема за чистење и се упатија на локациите предвидени за чистење.

Градоначалникот Христоски истакна дека е спрроведена уште една успешна акција за чистење на отпад и вети дека Општината ќе продолжи со опремување на комуналното претпријатие и со активности за подигање на свеста кај населението.

Оваа акција е дел од проект на Здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, во соработка со амбасадата на Словачка и Општина Крушево.

Прочитајте повеќе

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

Потенцијалните партнери во идната влада засега се посветени на договорените постулати за соработка и градење …