Проштална средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Жбогар

Проштална средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Жбогар

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во земјата по формирањето на новата Влада, како и за приоритетите и реализацијата на реформите во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во рамки на тековното германско претседателство со Европската Унија ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и официјалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Заблагодарувајќи се за севкупниот ангажман во изминатите четири години и за неговите силни заложби за напредок на државата на европскиот пат, претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на мандатот на амбасадорот Жбогар беше донесена одлуката од страна на земјите-членки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посакувајќи му успех во натамошниот професионален ангажман, претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорот Жбогар, како докажан пријател на нашата држава  и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …