Реновиран Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија

Реновиран Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија

„Комплетно се реновирани 5 дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти. Отворивме и Кабинет за дијабетично стапало опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест.
Во оваа установа сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот. Покрај сите предизвици со Ковид 19, успешно ги продолжуваме и редовните активности за унапредување на услугите во јавното здравство и условите за работа на здравствените работници.“, објави Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, …