Приведен Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски – се товари за перење пари

Приведен Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски – се товари за перење пари

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција утринава полицијата го приведе Ристо Новачевски, кум на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Осомничен е со група за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацеви на Водно. Како што дознаваме, Новачевски секој момент од полицијата од секторот за организиран криминал во МВР треба да биде однесен пред судија на претходна постапка, за него обвинител ќе бара мерки, објави СДК.МК.

Обвинителството покрај Груевски и кумот Новачевски, за перење пари ги сомничи и братучедот Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.  Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени заедно и во „Империја“. Неофицијално дознаваме дека плацевите гласеле на нивни фирми.

Сите осомничени се со претходно изречени мерки за обезбедување присуство, само Новачевски не е.

Извор: СДК.МК

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …