Османи се сретна со Касис во Швајцарија

Османи се сретна со Касис во Швајцарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација оствари средба со својот хомолог, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, која се случува за првпат после 12 години на нивно на шефови на дипломатии.

Во фокусот на разговорите беше збогатување на билатералните односи, преку интензивирање на договорната состојба, економската соработка, состојбите поврзани со КОВИД-19 пандемијата, актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, како и соработката во бројните мулатилатерални организации, во кои негуваме партнерски однос со Швајцарија.

„Од огромно значење е швајцарската развојна помош, во рамките на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја. Овие средства наменети за трите тематски области: демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за натамошниот економски и демократски развој на нашата држава, за спроведувањето на реформите, како и основа за продлабочување на билатералните односи“, истакна Османи.

Министрите разговараа и за претстојното Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и можностите за примена на швајцарските искуства и добивање на конкретна швајцарска помош и експертиза во рамките на оваа мултидисциплинарна Организација, која третира бројни предизвици и постигнува конструктивни решенија.

Османи и  Касис зборуваа и за бројната дијаспора по потекло од Северна Македонија која живее и работи во Швајцарија, придонесува во развојот на ова држава, а преку тоа, и во градењето на просперитетот на Северна Македонија.

„Нејзината конструктивна улога е силен и цврст мост на зближување на нашите две пријателски држави“, нагласи Османи.

Посетата на министерот Османи на Швајцарија продолжува во Сион, каде ќе има средби со повеќепретставници на нашата дијаспора и веднаш потоа заминува за Мадрид на средба со министерката за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја и други шпански претставници.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …