омикрон ковид-19

Денеска регистрирани дури 164 нови случаи на ковид-19 и три починати лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19. Таа бројка е повеќе од четири пати поголема од вчерашната (37), како и повеќе од три пати поголема од бројката во понеделникот (54).

Од новите случаи, најмногу се во Тетово – 60; следува Скопје со 34, Гостивар со 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68 г. и 86 г.) и едно лице од Скопје (82 .г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјаваа од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи на ковид-19 се искачи на 770.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …