Заврши 4-тото издание на фестивалот Skopje Light Art District

Заврши 4-тото издание на фестивалот Skopje Light Art District

Викендот заврши 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност Skopje Light Art District. Во изминатите денови на 15 локации низ Скопје, 25 светлосни дизајнери од 14 земји со инсталации и светлосни перформанси на скопјани им ја презентираа магијата на светлосната уметност.

Поради прогласената тридневна жалост, изминативе денови уметничките дела беа активни, но без музика и звук како што беше претходно планирано.

Skopje Light Art District како проект потекнува од ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје е вмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …