Уапсен маж во Софија за недолични коментари на Фејсбук поврзани со автобуската несреќа

Уапсен маж во Софија за недолични коментари на Фејсбук поврзани со автобуската несреќа

Бугарската полиција во Софија уапси 24-годишен маж поради неговите недолични коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на „Беса транс“ што се случи на автопатот Струма, во близина на Боснек.

Според соопштението на бугарското МВР тој бил приведен на територијата на главниот град од службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиена дојава.

„Според податоците, тој досега на Фејсбук објавил коментари поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, неспојливи со моралните и етичките норми“, наведено е во соопштението.

Уапсениот се товари за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – поттикнување на омраза врз основа на националност преку информациски систем.

По трагичната несреќа редакцијата на Мета.мк забележа дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавија изолирани трендови со коментари со недолична содржина преку која се шири омраза.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …