Во нередите во Казахстан убиени 16 полицајци и војници

Во нередите во Казахстан убиени 16 полицајци и војници

Според соопштеното денеска од власта во Казахстан, во досегашните нереди се убиени 16 полицајци и војници, а 1.300 се повредени. Безбедносните сили уапсиле околу 6.000 луѓе, пренесе руската новинска агенција Итар-Тасс.

Меѓу уапсените има и значителен број странски државјани.

„Покренати се 125 кривични постапки, а приведени се 5.800 луѓе“, се дознава од соопштението од кабинетот на претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.

По барање на претседателот на земјата, на критични локации во Казахстан се распоредени сили на Организацијата на договорот за колективна безбедност, која е формирана и раководена од Русија.

Нередите во Казахстан почнаа по Нова година со протести против поскапување на гасот, но потоа се насочија директно против власта. Најсериозните судиири меѓу демонстрантите и безбедносните сили се случија во најголемиот град Алмати. И во него и во другите места имаше многу опожарувања, оштетени објекти и оштетени и уништени возила.

Според она што вчера го соопшти македонското министерство за надворешни работи (МНР), преку македонската амбасада во Нур–Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. .

„Засега само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено; но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба. Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба“, соопшти македонското МНР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

израел хамас газа

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од …