протести сараево

Протести во Сараево против измените на Изборниот закон

Неколку илјади граѓани во текот на ноќта протестираа пред Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) поради можни најави за измени на Изборниот закон на БиХ. Причината е документ кој се појави во јавноста, а кој го претставува наводниот нацрт на одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит, со која се планира да се измени Изборниот закон на БиХ, како и дел од Уставот на Федерацијата БиХ. Министерството за внатрешни работи (МВП) на кантонот Сараево (еден од десетте кантони во Федерацијата Босна и Херцеговина) соопшти дека, според првичните проценки, на протестот присуствувале повеќе од 7.000 граѓани. Истиот извор наведува дека протестите поминале без инциденти.

Шмит донесе одлука за финансирање на изборите во Босна и Херцеговина

Протестот беше организиран од опозициските партии Социјалдемократска партија (СДП), Наша странка и Народ и Правда (НиП). На присутните им се обрати претседавачот на Државното претседателство Шефик Џаферовиќ, кој го повика високиот претставник да не го менува Изборниот закон на БиХ за време на предизборната кампања. Документот за промена на изборното законодавство и дел од Уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина предизвика остри осуди од политичките партии од Сараево, бидејќи, според нивните тврдења, предвидува цементирање на етничките поделби во Босна и Херцеговина.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …