СВР Битола: Пукањето на семејни веселби може да биде санкционирано како кривично дело

СВР Битола: Пукањето на семејни веселби може да биде санкционирано како кривично дело

Соопштение за граѓаните од СВР Битола

По повод кампањата за превенција од пукање на семејни веселби и други прослави, СВР Битола  ги информира граѓаните дека се преземаат  интензивни мерки за контрола и превенирање, со цел спречување на пукање од огнено оружје, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби.

Исто така упатуваме  апел до граѓаните на подрачјето на СВР Битола да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат зачестени при свадбени и други прослави.

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

СВР Битола апелира дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Упатуваме апел дека присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …