Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме со силен ветар, град, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје околу 17 часот. Паднати дрвја и билборди, оштетени покриви, поплавени улици и објекти веќе се пријавуваат од граѓани на социјалните мрежи во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека граѓаните на телефонскиот број 112 пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови на згради заглавени возила и поплавени простории.

„Дојавите на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности“, информираат од Центарот за управување со кризи.

На улица Киро Крстевски бр. 3 во општина Кисела Вода пријавено е дека покрив на зграда на пет ката е оштетен. За ова се известени надлежните од општината и противпожарната служба.

Штетите од невремето се пријавуваат и понатаму, а надлежните власти треба да излезат со дополнителни информации за штетите од невремето.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …