ЕУ бара да престане блокадата на институциите во Црна Гора

ЕУ бара да престане блокадата на институциите во Црна Гора

Европската унија „многу внимателно и со загриженост“ ја следи внатрешната политичка ситуација во Црна Гора, изјави денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано кој повика итно да престане блокадата на институциите и да се нормализира состојбата во државата. „Потсетуваме и инсистираме сите политички чинители да се воздржат од какви било дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза во државата и да го поткопаат функционирањето на демократските институции. Градењето консензус треба да биде главен приоритет“, рече Стано на прес-конференцијата.

Потпретседателката на Владата на Црна Гора поднесе оставка

Портпаролот на Брисел потсети дека континуираниот напредок на Црна Гора во пристапувањето бара од сите политички актери да ја поддржат функционалноста на демократските институции на земјите. Црна Гора е во сериозна институционална криза бидејќи Уставниот суд на земјата е блокиран од септември годинава, од кога има само тројца судии од вкупно седум, поради што нема кворум за одлучување. Без функционален Уставен суд не може да се соопштат конечните резултати од неодамнешните локални избори во повеќе општини, не може да се оценува уставноста на спорните закони, ниту да се одлучува за иницијативи поврзани со уставноста на потезите на Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. На крајот на октомври во Собранието пропадна обидот за избор на судии на Уставниот суд.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …