Во големиот тест на зимски пневматици во организација на AutoBild, 50 модели на меѓународни брендови со димензии 205/55 R 16 H, вклучително и новиот WinterContact TS 870 на Continental, се соочија со специјалистички тестови, а на крајот новите пневматици на Continental се покажаа како најдобри на тестовите и ја добија титулата за „еко шампиони“ поради одличната километража.

„Нов зимски профил со импресивни управувачки карактеристики во сите временски услови, кратко растојание на сопирање, прецизност во управливоста, добра безбедност при аквапланирање, одлична километража“, гласеше пресудата на експертите по тестирањето на WinterContact TS870. Од 50 модели на пневматици, 30 тест примероци веќе беа елиминирани по прелиминарните тестови за сопирачки перформанси на влажни и снежни патишта, а 20-те најдобри пневматици беа распределени во вкупно 16 категории на снег, влажни и суви патишта, како и според нивната ценовна ефективност.

WinterContact TS 870 се развиени за возилата во мини и компактната класа. Со новите зимски пневматици на Continental, дури и спортските компактни автомобили можат безбедно да поминат низ зимската сезона. Опсегот на производот иницијално вклучува 21 артикли за тркала со дијаметар од 14 до 17 инчи. Дозволената брзина достигнува и до 240 километри.

Производите од останатите брендови на Continental групацијата како Semperit, Uniroyal и Barum исто така се квалификуваа за тестот меѓу 20-те најдобри зимски пневматици и сите добија „задоволувачка“ оценка. Во вкупниот резултат, четири производи во тестовите добија „примерни“ оценки, четири беа „добри“ и 12 беа „задоволувачки“.

Сите овие брендови се дел од порфолиото на Мотоцентар центарот за пневматици, кои можете да ги најдете на повеќе локации во Скопје и целата република.