Џо Бајден е 46 претседател на САД

Џо Бајден е 46 претседател на САД

Демократот Џо Бајден го победи актуелниот претседател Доналд Трамп за да стане 46 претседател во историјата на САД. Трамп се огласи со соопштение во кое не го признава поразот. Славје на улиците во повеќе градови во САД.

По тридневна несигурност поради долгото броење на гласовите од изборите, 77-годишниот Бајден конечно го премина прагот од 270 освоени електорски гласови потребни за победа на претседателските избори. Тој досега освои рекордни 74 милиони гласови, иако броењето на гласовите во некои држави се уште трае.

Сега е време за Америка да „се обедини“ и да „заздрави“, порача Бајден откако победата во сојузната држава Пенсилванија му ги даде потребните гласови за влез во Белата Куќа.

„Сега кога кампањата заврши, време е да се тргнат настрана лутината и острата реторика зад нас и да се обединиме како нација“.
„Ние сме Соединетите американски држави. Нема нешто што не можеме да го направиме, доколку го правиме заедно“. Во изјавата Бајден не го спомена неговиот ривал Доналд Трамп, кој досега не го призна поразот и најави правна битка.

„Сите знаеме зошто Џо Бајден брза за лажно да се претстави како победник, и зошто неговите медиумски сојузници се обидуваат да му помогнат: тие не сакаат да се дознае вистината“, порача преку соопштение Трамп најавувајќи дека не ги признава резултатите.

Präsidentschaftswahlen in den USA I Jubel (Rebecca Blackwell/AP/picture alliance)

„Овие избори не се завршени. Џо Бајден не е потврден како победник во ниту една држава, а не пак во државите каде што исходот е многу тесен и каде ќе се оди на пребројување или државите каде нашата кампања има легитимни правни жалби“, вели Трамп.

Со поразот, Трамп стана третиот претседател на САД по Втората светска војна кој ги загубил изборите по првиот мандат. Друштво му прават Џими Картер и Џорџ Буш постариот.

Во повеќе американски градови, меѓу нив и Њујорк, Вашингтон и Филаделфија низ улиците се слави победата на Бајден, односно поразот на Трамп.
Истовремено, и Камала Харис испиша историја со тоа што стана првата црна жена потпретседател на САД. 56-годишната сенаторка од Калифорнија е и првата личност од јужноазиско потекло која е избрана на толку висока функција во земјата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Пленковиќ доби мандат за формирање влада на Хрватска

Пленковиќ доби мандат за формирање влада на Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го прими премиерот и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј …