Јованоски: Празникот на трудот да го одбележиме почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот

Јованоски: Празникот на трудот да го одбележиме почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Меѓународниот ден на трудот – 1.Мај:

Меѓународниот ден на трудот – Први мај, е уште еден од знaчајните датуми и празници кој заради пандемијата на КОВИД-19, го одбележуваме во вонредни околности.

Во услови на отежнато функционирање на економијата, основните вредности на еднаквост и солидарност, социјалната заштита и зачувувањето на правата на работниците, се она на кое треба особено да му посветиме внимание.

Работниците се основниот двигател на нашата економија, заради што во настанатата ситуација која постепено ја надминуваме, сите чинители на нашето општество, државните институции и приватните компании, меѓу другото имаат и морална одговорност да ги зачуваат постојните работни места.

Почитувани,

На самиот почеток на продолжениот првомајски викенд, уште еднаш апелирам на одговорно и совесно однесување на секој од нас. Да ги почитуваме мерките за справување со коронавирусот, да ги избегнуваме масовните собирања и традиционалното одбележување на празникот, со што ќе го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Нека ни е честит празникот на трудот, Први мај!

Прочитајте повеќе

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Kоалицијата предводена од СДСМ освои 18 мандати во Собранието, што е најниска бројка од досегашните …