Колева

Колева: ДПМНЕ да им се заблагодари на граѓаните и на владејачкото мнозинство за обезбедените пари за општините

  • Градоначалниците од ДПМНЕ се неспособни и наместо да инвестираат во капитални проекти, тие парите на граѓаните ги трошат само за плати за вработените по општините. ДПМНЕ треба да им се заблагодари на граѓаните и на владејачкото мнозинство за обезбедните пари за општините кои ги водат нивни градоначалници, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева, на собраниската седница.
  • Капиталните инвестиции во 95 проценти се од Владата на СДСМ и народот тоа треба да го знае. Наместо да се заблагодари, ВМРО-ДМНЕ уште и критикува. Една милијарди денари беа прифатени од нивните амандмани и на крај тие се заблагодаруваат на Христијан Мицковски. Па од кај ги донесе тој тие пари, од дома ли? Сите тие финансиски средства се пари од граѓаните, кои наместо за капитални инвестиции, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ целиот буџет го трошат за плати, рече Колева.

Колева потенцираше дека не очекува ВМРО-ДПМНЕ да разбере како се трошат парите наменски и во интерес за граѓаните, оти таму кај нив се лагите, крадењето и жалните врби.

  • За ДПМНЕ е без перспектива да се даваат 16 милиони евра за студентите, 21 милион евра за регрес за годишен одмор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш и не го даде. За нив перспективност се жалните врби и спомениците, а не 178 милиони евра за пензиите. Тие тоа не го разбираат, затоа што никогаш не покачувале ни плати ни пензии, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.

Прочитајте повеќе

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Пишува: Анета Неданоска, дипломиран воспитувач Неделата на детето ја одбележуваме во период во кој се …