Кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19, била организирана свадба во Арачиново

Кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19, била организирана свадба во Арачиново

Синоќа околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од корона вирусот, во угостителски објект во Арачиново.

Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица.

„Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со ковид-19. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус,“ се вели во соопштението од МВР.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, …