Македонија

Вести и новости од Македонија.

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Северна …

Прочитајте повеќе »

МТСП: 7 јануари 2022 година (петок), Божик е неработен ден за сите граѓани на Северна Македонија

МТСП Министерство за труд и социјална политика лого

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2022 година (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, …

Прочитајте повеќе »

За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

За факултетите, банките и дел од нотарите електронскиот извод претставува нерешлива енигма

Образовните институции, банките и нотарите се несигурни и не се доволно информирани дали да прифатат електронски издаден Извод од матична книга на родени. Иако добивањето на извод од Управата за водење на матичните книги (УВМК) по електронски пат е едноставно и на издадениот документ пишува дека ги содржи сите податоци …

Прочитајте повеќе »

Субвенциониран оброк и покачени стипендии за студентите, незадоволен академски кадар на факултетите – високото образование во 2021

Субвенциониран оброк и покачени стипендии за студентите, незадоволен академски кадар на факултетите – високото образование во 2021

Во годината што измина, и која повторно ја одбележа ковид-кризата, беа донесени неколку нови мерки за финансиска поддршка и помош на студентите. Исплатата на средствата наиде на неколку проблеми, исто како и дигитализацијата на процесот на аплицирање. Студентите во 2021 година добија покачени стипендии и субвенции за здрави оброци, а …

Прочитајте повеќе »

Костадиновска Стојчевска: И по фијаското со новото мнозинство, опозицијата продолжува да блокира закони во Собранието

Костадиновска Стојчевска: И по фијаското со новото мнозинство, опозицијата продолжува да блокира закони во Собранието

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Телевизија 24 изрази надеж дека опозицијата ќе смогне сили и ќе се откаже од намерата да ги блокира законите кои оваа Влада ги предлага, се’ со цел да може да се делува и работи онака како што треба да функционира државата. …

Прочитајте повеќе »

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан. Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна …

Прочитајте повеќе »

МТСП: 6 јануари 2022 година, Бадник е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

МТСП Министерство за труд и социјална политика лого

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика …

Прочитајте повеќе »

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

омикрон ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за …

Прочитајте повеќе »