МЗ: Во земјава ќе можат да се ревакцинираат и оние кои примиле вакцина во странство, од утре почнува пријавувањето

МЗ: Во земјава ќе можат да се ревакцинираат и оние кои примиле вакцина во странство, од утре почнува пријавувањето

Министерството за здравство информира јавноста дека од утре 3 јули, заклучно со 10 јули, ќе биде во функција веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination. Таа ќе биде наменета за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале против ковид-19 во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. За почеток, тоа ќе бидат само оние кои надвор од земјава ја примиле вакцината Астра Зенека.

„Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела. Преку регистрацијата на граѓаните, ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни“, соопштија од Министерството за здравство.

Објаснуваат дека најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани бил фактот што во министерството до сега не можеле да ги планираат дозите и не знаеле со што ќе располагаат во моментот кога овие граѓани треба да се ревакцинираат.

„Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани, после регистрација на сајтот, Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини, по што ќе информираме прецизно во јавноста“, соопштија од ова министерство.

Оваа можност министерот за здравство, Венко Филипче, ја најави кога започна вакцинирањето на македонските граѓани надвор од земјава.

Иззвор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Меџити - Нема по секоја цена да бидеме дел од идната влада

Меџити – Нема по секоја цена да бидеме дел од идната влада

Ќе учествуваме во влада којашто ќе биде европски настроена и која ќе се нафати да …