Споменик Доситеј МПЦ

Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) го признава и прифаќа барањето за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави српскиот патријарх Порфириј во својот говор по задничката литургија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

„Сега кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архијерејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност“, рече во својот говор српскиот патријарх Порфириј.

Тој изјави дека сега следен чекор е македонските православни свештени лица да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни цркви да бидат известени. Порфириј додаде дека очекува сите помесни цркви да го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан им се заблагодари на архиерејскиот Собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ.

„Црквата отсекогаш била една и единствена, обединета од духовниот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновената Охридска архиепископија“, рече г.г Стефан.

Заедничката литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одвива на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

На 9-ти мај, МПЦ-ОА беше признаена за канонска од страна на Вселенската патријаршија.

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …