САД ќе користат шпански воени бази за да примат бегалци од Авганистан

САД ќе користат шпански воени бази за да примат бегалци од Авганистан

САД и Шпанија се согласија да ги користат шпанските воени бази за да примат Авганистанци кои работеа за американската влада.

Американскиот претседател Џо Бајден и шпанскиот премиер Педро Санчез постигнаа договор за ова прашање за време на телефонски разговор одржан на 21 август, соопшти денеска шпанската влада.

Според договорот, базите Морон де ла Фронтера кај Севиља и Рота во близина на Кадис може да се користат за бегалци од Авганистан, додека не се организира нивното патување во други земји.

Санчез на 21 август на Твитер напипша: „Само што имав значаен разговор со претседателот Џо Бајден во кој разговаравме за неколку теми од заеднички интерес, особено за ситуацијата во Авганистан и соработката меѓу нашите влади во евакуацијата на граѓаните од таа земја“, напиша Санчез.

Авион со 110 авганистански бегалци и нивните семејства пристигна во воената база во близина на Мадрид вечерта на 21 август, вклучително 36 лица кои работеле за американската администрација во Авганистан.

Базата се користи за прием на авганистански бегалци кои работеа со Европската унија и нивните семејства, кои потоа ќе се преселат во други земји на ЕУ.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

израел хамас газа

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од …