Саемот во Белград отвори многу можности за Крушево

Саемот во Белград отвори многу можности за Крушево

На саемот за туризам во Белград, Србија, покрај промоцијата на Крушево како туристичка дестинација, претставниците на Општината остварија неколку средби со организации од Балканот,преку кои се отворија можности за поголем туристички развој на Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски оствари средба со претставници од Регионалниот совет за соработка со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина, на кој беше претставен проектот насловен како „Balkan Monumental Trail“ (Балканска споменична тура), која покрај останатите споменици од земјите од Западен Балкан, го опфаќа и споменикот „Илинден“. Изданието ќе го промовира Крушево преку споменикот „Илинден“, како еден од локалитетите на Балканот со значајна историска и културна вредност.

„Balkan Monumental Trail“ опфаќа печатена публикација која ќе се шири низ цела Европа, а изработено е и видео како преглед на целите на публикацијата и што се’ во неа е опфатено.

Градоначалникот Христоски се сретна и со претставници од „Супербрендс“. На средбата се разговараше за напредокот на Крушево од туристички аспект, по добивањето на признанието „Супербренд“ во областа на туризмот и како прва општина која добила вакво признание.

Христоски даде интервју за Македонската информативна агенција, во кое беа потенцирани успесите на локалната самоуправа во туризмот во изминатите две години, а се разговараше и за плановите за подобра промоција во иднина.

Исто така, беше одржана средба и со амбасадорот на нашата држава во Србија, Александар Поповски.
Присуството на саемот за туризам во Белград, втора година по ред, предизвика голема заинтересираност за Крушево од страна на туристи, тур оператори, меѓународни туристички агенции и др.

Општина Крушево заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше дел од саемот за туризам во Белград, Србија, од 20-ти до 23-ти февруари. Двете институции веќе следниот месец ќе имаат уште една соаботка, со заедничкиот настап на саемот во Загреб, Хрватска.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Мицкоски: Веднаш после формирањето на новата Влада, Македонија ќе се задолжи со кредит од една милијарда евра

Во првото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 после остварената двојна изборна победа, …