СДСМ: Коридорот 8 влегува во мрежата главни европски коридори, неговата изградба е национален интерес

Прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Изградбата на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес, проект на лија реализација се чекаше повеќе од три децении.

За изградбата на делниците од коридорите да чини поевтино и да заврши побрзо, предвидени се измени и дополнувања на пет закони кои веќе се наоаѓаат во соодветна собраниска процедура.

Со носењето на измените и дополнувањата, државата ќе заштеди 150 милиони евра, а изградбата ќе заврши во предвидениот рок, наместо рокот да се пролонгира дополнително.

Коридорот 8 влегува во мрежата на главни европски коридори, додека со коридорот 10Д подобро го поврзуваме југозападниот дел со централниот дел и со главниот град на државата.

Со нивната изградба, државата станува вистинска крстосница на Балканот, а стопанството ќе добие подобро поврзување со уште две пристаништа.

Изградбата на коридорите освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.

Блокадите на овој национален проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат поразени.

Прочитајте повеќе

Ковачевски во Брисел ја поздрави меѓународната поддршка која ја доби МВР во успешното расчистување на грозоморните убиства

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел, каде е во работна посета, на завршната сесија на …