Што ќе има на избирачкото ливче на 12 април?

Што ќе има на избирачкото ливче на 12 април?

Пишува: Сотир Габелоски

На изборите на 12 април граѓаните ќе имаат едноставна работа – да изберат меѓу СДСМ и наследниците на заробената држава.

И покрај патот кој како држава допрва треба да го изодиме, пат поплочен со тешки реформи за кои што во мај пак ќе не’ оценуваат, политичките фактори се согласија да излеземе на избори. Но, што ќе видиме на избирачкото ливче? Ќе биде ли изборот лесен? Колку од граѓаните нема да излезат и дали овие избори ќе бидат со најмала излезеност до сега? Какви избори не’ очекуваат? Што ќе изберат граѓаните?

Од една страна е СДСМ, партија која и покрај бројните проблеми го трасираше патот кон ЕУ и обезбеди влез на државата во НАТО. Огромен успех кој вреди да се пофали, но и успех кој сите заедно како граѓани треба да го споделиме. Заложбата на оваа партија е јасна, додека во меѓувреме се погласни се реакциите, особено по недобивањето датум за преговори, за чистење на сопствениот, домашниот двор. Се’ до изборите, оваа Влада ќе мора да работи за да добие што е можно попозитивна одлука во мај, без оглед дали ќе остане или ќе си замине од власт.

Од друга страна, односно заведени под друг реден број на гласачкото ливче, на 12 април ќе ги имаме наследниците на заробената држава, оние кои не успеаа да се реформираат, ниту еднаш не се оградија ниту пак го осудија криминалот од нивните претходници и ги набркаа од својата партија сите што размислуваат поинаку. Нивната реторика зборува за безидејноста, поделеноста и омразата во партијата. ВМРО-ДПМНЕ, барем досега, не нуди никаква опција.

Се чини дека изборот ќе биде лесен, но ни оддалеку не е така. Кај добар дел од граѓаните постои разочарувањето од правдата која се’ уште не дошла и која не зависи само од волјата на политичките партии.

Сепак, без оглед на мотивите, изборот да се излезе на избори е веројатно најдобар. Дали ќе дадеме уште една шанса за европскиот процес што се води, но и шанса за правда, или ќе зачекориме повторно наназад зависи од нас, граѓаните.

Прочитајте повеќе

Писмото

Писмото

Премиерот се изложи самиот пред јавноста како човек со дилеми: не знае дали да им …