Силен земјотрес од 5,3 степени според Рихтер ја погоди Хрватска

Силен земјотрес од 5,3 степени според Рихтер ја погоди Хрватска

Силен земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 10 часот и 47 минути ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на Крк, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Потресот се случил на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван низ Кварнер и Приморско-горската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра и Далматинска Загора.

 

Претседателот на хрватското собрание, Гордан Јандроковиќ изрази надеж дека нема жртви или материјална штета во земјотресот, пренесе „Dnevnik.hr“.

Во декември 2020 година, разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја уништи хрватска Петриња.

Прочитајте повеќе

Албанија подготвена за следен чекор, ќе се одвои ли од РСМ?

Албанија подготвена за следен чекор, ќе се одвои ли од РСМ?

Крајот на септември е реален рок за одржување на Втората меѓувладина конференција, изјавил шефот на …