Со атлетска трка низ улиците на градот, Прилеп го одбележа „Часот на планетата Земја“

Со атлетска трка низ улиците на градот, Прилеп го одбележа „Часот на планетата Земја“

Во рамките на акцијата „Часот на планетата Земја“, вечерва се одржа атлетска трка во должина од 5 километри низ улиците на Прилеп, на која 120 учесници се натпреваруваа во машка и женска конкуренција.

Кај натпреварувачките од понежниот пол, првото место го освои Марго Бојаџиева, второто Сара Ангелоска а третопласирана беше Милена Чкрипеска, сите од Прилеп.

„Имам 15 години, тренирам во атлетскиот клуб „Стеваноски“ веќе три и пол години. Родена сум во Франција, а 6 години живеам во Прилеп. Имам учествувано на повеќе меѓународни трки во Бугарија, Србија, Албанија и други земји. Со оглед на ладното време, условите беа тешки, но издржав иако не го истрчав моето најдобро време“, изјави победничката на трката во женска конкуренција, Марго Бојаџиева.

Во машка конкуренција, првото и третото место им припаднаа на натпреварувачите од Скопје, Дарио Ивановски и Стефан Милановски, додека второпласиран беше прилепчанецот Леонид Вандески.

„Член сум на атлетскиот клуб „Работнички“, трката беше прекрасна, исто и организацијата. Со атлетика се занимавам 3 години, имам освоено 4 место на Балканско првенство, победник бев на Белградскиот и Скопскиот полумаратон. Државен рекордер сум на 3.000 метри во сала, на 1.000 метри на отворено и на 10.000 метри на улична патека“, истакна победникот на трката, Дарио Ивановски.

Наградите на тројцата првопласирани во двете конкуренции им ги предаде градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој рече дека сите натпреварувачи трчаа за помало загадување на воздухот и водата и за зачувување на животната средина.

„Вие вечерва трчавте по повод Часот на планетата Земја, трчавте за помало загадување на воздухот и водата, за поеколошки и подобар Прилеп. Животната средина мораме да ја чуваме и градиме, а вие како млади, во понатамошниот дел од вашиот живот, вие сте тие кои најмногу треба да ја чувате“, им порача градоначалникот Јованоски.

Точно во 20.30 часот, на Паркот на Револуцијата, во траење од 60 минути беа изгаснати светилките, со што симболично беше означен „Часот на планетата Земја“ и воедно беше упатена порака за заштеда на електричната енергија. Истовремено, членови на Општинската организација на Црвениот крст од Прилеп, запалија свеќи во форма на 60+, со што ја симболизираа заштедата на енергијата во траење од еден час.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …