Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков

Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер Никола Груевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како одговор на нивното учество во значајна корупција.

Според Стејт департментот, нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат довербата на јавноста во владите. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, на црна листа ги стави членовите на нивното потесно семејство, па според тоа, на сите нив им е забранет влез во САД.

Покрај нив, на црната листа се најдоа и други лица од регионот ,меѓу кои е и Гордана Тадиќ која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина. На листата се најде и новоформираната унгарска компанија на Груевски „I.C.I.C. KFT.“

„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија преку кои го користеше своето политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, наведува Стејт департментот.

Стејт департментот ги стави на црна листа Груевски и Мијалков
Сашо Мијалков на едно од неговите судски рочишта. Фото: Архива на Мета.мк

Во образложението за Мијалков се вели дека во службеното својство на директор на УБК, бил инволвиран во коруптивни дела меѓу кои и користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист и дека има веродостојна информација дека Мијалков го злоупотребил овластувањето на функцијата за да бара поткуп за возврат да се склучат владини договори, како и дека се мешал во изборните процеси во своја и политичка корист на својата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку и Груевски и Мијалков се родинини, односно братучеди а од домашните судови се и двајцата осудени на повеќе годишни казни затвор.

Никола Груевски, како претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред да биде осуден пребега во Унгарија и доби азил од тамошниот премиер Виктор Орбан, инаку близок до Русија и Владимир Путин.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …