Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Lamborghini Aventador е суперавтомобил направен од Lamborghini. Тој го замени претходниот модел Lamborghini Murciélago. Името на Aventador во превод значи: борбен бик.

Lamborghini Aventador дебитираше во 2011 година, што значи дека се произведува повеќе од една деценија. За време на овој продолжен производствен циклус, тимот на Lamborghini континуирано работеше на нови и подобри верзии на основниот автомобил. Овој процес им овозможи на инженерите во Lamborghini да ја усовршат платформата на Aventador и да ги извлечат сите перформанси.

Aventador доаѓа во повеќе верзии, а овде новинарот Mat Watson од Carwow, организираше трка на сите верзии на Aventador и тоа од основната везија на Aventador, па се до верзиите S, SV и SVJ.

Во продолжение погледајте го видеото од трката и уживајте во квинтетот од моќните V12 мотори.

Прочитајте повеќе

Кичево одржани третото и четвртото авто-слалом TSD натпреварување со историски возила

Во Кичево одржани третото и четвртото авто-слалом TSD натпреварување со историски возила

Во рамки на календарот на Националната федерација на историски возила на Македонија, викендов (8 и …