студентски дом

Утре почнува вселувањето на студенти и ученици во студентските и ученичките домови (ВИДЕО)

Министерката за образование и наука, Мила Царовска преку видео објава на својот профил на Фејсбук потсети дека од утре (понеделник), учениците и студентите ќе почнат со вселување во домовите за престој, под посебни протоколи.

Од понеделник почнува вселувањето на студентите и учениците во студентските и ученичките домови, под посебни протоколи. Почитувањето на мерките ќе бидат клучни за заштитата и зачувувањето на јавното здравје во време на пандемија, напиша Царовска во својата објава.

За студентските домови по протокол, капацитетот е 2.080, вкупно примени се 1.614 студенти, што значи дека имаме простор да се примат дополнителни. Да не заборавиме дека имаме сега и резервна листа, ова го кажувам за да нема збунување кај студентите. Оние коишто можеби ќе го променат статусот кај факултетите коишто рекле дека ќе работат само онлајн, можеби со подобрување на епидемиолошката состојба таа одлука од факултетот ќе биде променета, ќе имаме можност да ти примиме на своите места за коишто ги исполнуваат условите за прием, рече министерката Царовска.

Целиот овој протокол и целиот нов начин на живеење во студентските домови ќе можеме да го реализираме само и заедно со студентите. Ја очекувам нивната поддршка. Очекувам нивно разбирање, бидејќи се работи за заедничкото здравје. За заштита на заедничкото здравје, да ги почитуваме протоколите и да го заштитиме здравјето, а со тоа оваа година да ја истераме до крај онака како што ја предвидуваме.

Извор: ФРОНТЛИНЕ

Прочитајте повеќе

Тренчевска

Тренчевска: Од денес во СДСМ нека настапат oние неизвалканите од претходните функционери

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја …