Во Хрватска дојде еврото, трговците ги кренаа цените

Во Хрватска дојде еврото, трговците ги кренаа цените

Вчерашниот, трет ден откако во Хрватска беше воведено еврото и земјата стана најновата – 20-та – членка на Еврозоната, беше одбележан со револт и бес поради покачувањето на цените во малопродажбата, предизвикано исклучиво од преминувањето на старата куна на новата, европската, валута, извести „ЕУРактив“.

Вчера голем број граѓани реагирале на покачувањето на цените во малопродажбата и во услужните дејности, и покрај претходно даваните уверувања од владата и од централната банка дека нема да има раст на цените поради „заокружување“.

Работата дојде дотаму што хрватскиот министер за економија Давор Филиповиќ вчера се закани дека се размислува за објавување на црни листи со оние што неоправдано ги зголемуваат цените, јави danas.hr.

Трговците, пак, луто возвратија дека не ја користат ситуацијата, туку дека цените континуирано растат веќе година и половина, и тоа поради пандемијата и војната во Украина.

Хрватски „Данас“ создаде и анкета за своите читатели, којашто покажала дека 90 отсто од учесниците ја поддржуваат идејата на министерот Филиповиќ, односно може да се каже дека голем дел од населението во Хрватска посведочило зголемување на цените без реална основа и сака таквото постапување од страна на трговците да се санкционира на некој начин.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …