Во Прилеп бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 988, на болничко лекување 128 лица

Во Прилеп бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 988, на болничко лекување 128 лица

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 30-ти ноември до 6-ти декември, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:                      

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 30-ти ноември до 6-ти декември, во општина Прилеп имало 371 новозаболен од коронавирус;
  • Од последици на коронавирусот починале 20 лица;
  • Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 988; 788 лица се наоѓаат на домашно лекување, 128 на болничко лекување, а 72 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 75 пациенти;
  • Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 3.383;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 151 лице.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …