Во сабота во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, премиера на претставата „Мендо и Мајло“

Во сабота во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, премиера на претставата „Мендо и Мајло“

Во сабота, 22 мај со почеток во 19.00 часот, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиерно ќе биде прикажана претставата „Мендо и Мајло“.

Текстот е социјална комедија за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка.

Мендо е обвинет за убиство на сопствената невенчана жена, која всушност починала во сон. Мајло е Ром – дрвокрадец, кој исто така е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица Уснија, ја превртува колата со дрва под кои и самата загинува, а Мајло е тешко повреден.

„Во ова време кога национализмот константно расте, а толерантноста опаѓа, важно  е да разбереме дека колку и предрасудите да се големи, на крајот, потребен ни е човек!“, порачуваат од тимот кој ја работеше претставата.

Претставата „Мендо и Мајло“ е работена по текст на Мирјанка Р. Селчанец, во режија на Игор Трпчески, а во продукција на Tеатарска работилница Прилеп. Во претставата играат актерите Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …