Заев: Пописот е најважна државничка работа

Заев: Пописот е најважна државничка работа

Одговарајќи на новинарско прашање за важноста на пописот и можноста од одложување на истиот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, посочи дека преку инклузивен процес секогаш можат да се решат сите прашања и, кога има простор, да се постигне консензус. Притоа, тој потенцираше дека во нашата држава веќе 20 години не е спроведен попис.

„Тука во Владата, на локално ниво, градоначалниците, сите јавни државни, локални претпријатија, сите приватни фирми, па и целиот наш народ, работиме во магла, во матно, не ги знаеме бројките. Не знаеме колку сме, каде сме распоредени, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индикации за зголемување на економскиот раст на државата“, потенцираше премиерот Заев.

„Пописот е предвиден е да се спроведе од 1 до 21 април и тој треба да се заврши. Уште еднаш ќе повторам: во лето никаде не се прави попис, септември е кампања, октомври се локални избори. Ако одлагаме, за кога да одложиме. За мај? Тоа нема ништо да смени. Треба да се фокусираме сите одговорно да го завршиме пописот, а тоа е граѓанска обврска јасно утврдена со закон. Ако сме држава, треба државнички да се однесуваме и државнички да се поставиме. Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани“, заклучи премиерот Заев.

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …