Заев, Вучиќ, Брнабиќ и Рама ќе потпишат меморандум за соработка во услови на КОВИД-19 криза

Заев, Вучиќ, Брнабиќ и Рама ќе потпишат меморандум за соработка во услови на КОВИД-19 криза

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а во присуство на министрите за здравство, денеска ќе одржат координативен состанок преку интернет видео врска, по што ќе потпишат меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на КОВИД-19 криза.

Премиерот Заев ќе биде домаќин преку видео врска и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија, за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

По потпишувањето на договорот ќе следат кратки обраќања на лидерите.

Прочитајте повеќе

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Двајца членови на избирачки одбор од Охрид, предложени од една политичка партија имале фотографии од …