Заради зголемениот број на инфицирани граѓани, градоначалникот Јованоски побара Владата да донесе поригорозни мерки за Прилеп

Заради зголемениот број на инфицирани граѓани, градоначалникот Јованоски побара Владата да донесе поригорозни мерки за Прилеп

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 6-ти април:

  1. Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
  2. Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.
  3. Денеска, до овој момент, нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирус во општина Прилеп
  4. Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.
  5. Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.

Прочитајте повеќе

Убедлива победа на Лабуристите – Стармер вети нов почеток

Убедлива победа на Лабуристите – Стармер вети нов почеток

На парламентарните избори во Велика Британија, според прогнозите објавени од Би-Би-Си, опозициските Лабуристи освоиле 410 …